Во последното деноноќие бројот на заразени повторно се зголеми. Од Комисијата за заразни болести која се уште држи состанок, за ФАКТОР потврдуваат дека бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19 изнесува 58.
Мицкоски до Заев: Здравјето е загрозено затоа што глумевте нормализација и се боревте за потесен пораз
Навистина жалам што трагедијата и фијаското што се случува со ширењето на заразата Зоран Заев ја сведува на обична дневнополитичка пресметка, во ситуација кога дневно се заболуваат над 50 луѓе, а бројката на починати расте, пишува на фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Трамп додава масло на огнот: Kога ќе почне крадењето, ќе почне пукањето
Претседателот на САД, Доналд Трамп наместо да ги смири насилните протести во Минеаполис дополнително ја комплицира ситуацијата.
Твитот посветен на немирите во градот, предизвикани од убиството на еден црнец од страна на полицијата, идентично ги распали гневните демонстранти кои веќе трет ден (дивеат) се на улиците на Минеаполис, и делот од домашната публика која веќе трет ден плука по истите демонстранти.