31 мај – светски ден без тутун-заштита на младите од индустриската манипулација и нивна превенција од употребата на тутун и никотин

Денес е светски ден без тутун-заштита на младите од индустриската манипулација и нивна превенција од употребата на тутун и никотин. За таа цел од Институтот за јавно здравје излегоа со клучни пораки:

  • Производите од тутун убиваат повеќе од 8 милиони луѓе секоја година. Тутунската и сродните индустрии мора постојано да наоѓаат нови потрошувачи за да ги заменат оние кои што веќе ги убиле нивните производи за да ги одржат приходите.
  • Тутунските компании потрошија над 8 милијарди во маркетинг и рекламирање и светот изгуби 8 милиони животи кои што починале од причини поврзани со употреба на тутун и изложеност на пасивно пушење.

 

Тактиките на тутунската и сродните индустрии за таргетирање на деца и адолесценти вклучуваат:

  • Над 15,000 вкусови, од кои повеќето ги привлекуваат децата и адолесцентите
  • Активисти на социјалните медиуми и маркетинг
  • Спонзорирани настани и забави
  • Училишни стипендии
  • Елегантни, секси дизајни
  • Поставување на производи во забавни медиуми
  • Бесплатни примероци на производи
  • Цигарите на парче ја прават зависноста подостапна
  • Продажба на производи кои се наоѓаат на ниво на очите на децата
  • Поставување на производи и рекламирање во близина на училиштата

 

Ние сакаме да создадеме генерации кои што се ослободени од тутун и пасивно пушење и смрт и болест што тие ја предизвикуваат.

Ослободување од манипулацијата на тутунската и сродните индустрии, преку едуцирање за нивната тактика и штетата предизвикана од нивните производи.

Употребата на тутун е одговорна за 25% од сите смртни случаи од рак на глобално ниво. Употребата на никотин и тутунски производи го зголемува ризикот од карцином, кардиоваскуларни и белодробни заболувања.

  • Над 1 милион луѓе умираат од изложеност на пасивно пушење секоја година.
  • Децата и адолесцентите кои користат е-цигари барем двојно ја зголемуваат можноста за пушење цигари подоцна во животот.
  • Употребата на е-цигара го зголемува ризикот од срцеви заболувања и нарушувања на белите дробови.
  • Никотинот во е-цигарите е високо-зависна дрога и може да наштети на развојот на мозокот кај децата.
  • Пушењето наргиле е исто толку штетно како и другите форми на употреба на тутун.
  • Помалку пушење не значи дека е безопасно.
  • Пушењето е скапо, а вие плаќате за тоа со вашиот изглед и вашето здравје. Предизвикува лош здив, жолти заби, брчки на кожата, нездрави бели дробови и слаб имунолошки систем.
  • Чадот од наргиле е токсичен. Содржи супстанции кои предизвикуваат рак.
  • Џвакањето тутун може да предизвика рак на устата, губење на забите, кафени заби и заболувања на непцата.

Ги охрабруваме сите да се образоват, да шират свест и да создадат генерација која нема да користи тутун.