Објавена е снимка од викендицата во која се случила голема полициска акција каде била уапсена старлетата Тијана Ајфон, како и уште 35 личности поради поседување на дрога, оружје и проституција. На снимката се гледа дека луксузната викендица има и голем базен, а во дворот се паркирани бројни луксузни автомобили, објави сајтот Блиц.рс.
Видеото настанало после апсењето на луѓето кои биле на „приватната забава“ на која се одвивале масовни оргии.
Според неофицијални информации, организатор на ова собирање била токму познатата старлета Тијана Ајфон, која нелегално влегла во БиХ.
https://www.instagram.com/p/CAWIUd5l5cS/