Во соопштение испратено до јавноста Фармацевтската комора известува дека почина првиот здравствен работник во Македонија од корона вирус.
Кај еден од двајцата пациенти телото го отфрлило пресадениот бубрег
Кај еден од двајцата пациенти на коишто им беа пресадени бубрези, не профункционирал, односно телото го отфрлило и органот морало да биде изваден, информира директорот на Урологија, д-р Сашо Дохчев во „Утрински брифинг“.
За жал вчера едниот трансплантиран бубрег не профункционира и моравме да го извадиме. За другата пациентка немам што да кажам, поминавме одлично без компликации и веќе вториот ден се нормализираа оние деградациони продукти во крвта кои се параметар за успешноста на трансплантацијата ио таа е добро. Кај пациентот од кој го извадиме трансплантираниот бубрег од старт имавме проблеми и дилеми дали воопшто да почнеме со трансплантацијата, затоа што од самиот почеток знаевме дека едниот од бубрезите кај кадаверот е беше помалку вреден. Но, сепак се одлучивме да помогнеме на уште еден пациент, кој беше на листата на чекање – изјави д-р Дохчев.
Македонците во Бугарија извојуваа голема победа пред судот во Стразбург
Европскиот суд за човекови права во Стразбург денес на 28 мај 2020 година донесе Пресуда 67197/13 во предметот „Македонски клуб за Етничка толеранција во Бугарија “ и Радонов, против Р. Бугарија , каде утврди повреда на слободата на здружување по член 11 од Европската конвенција за човекови права.
„Македонски клуб за Етничка толеранција во Бугарија “, здружение со седиште во Благоевград, Бугарија и претседателот на нејзиниот одбор г-дин Ангел Кирилов Радонов, а Државјанин на Бугарија („апликантите“), на 10 октомври 2013 година пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, преку Адвокат Менкиноски Тони поднесе апликација против Бугарија за повреда на правото на здружување