Македонците во Бугарија извојуваа голема победа пред судот во Стразбург

Европскиот суд за човекови права во Стразбург денес на 28 мај 2020 година донесе Пресуда 67197/13 во предметот „Македонски клуб за Етничка толеранција во Бугарија “ и Радонов, против Р. Бугарија , каде утврди повреда на слободата на здружување по член 11 од Европската конвенција за човекови права.

„Македонски клуб за Етничка толеранција во Бугарија “, здружение со седиште во Благоевград, Бугарија и претседателот на нејзиниот одбор г-дин Ангел Кирилов Радонов, а Државјанин на Бугарија („апликантите“), на 10 октомври 2013 година пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, преку Адвокат Менкиноски Тони поднесе апликација против Бугарија за повреда на правото на здружување

„Македонски клуб за Етничка толеранција во Бугарија “,е здружение кое во својот статут ги афирмира правата на македонците како посебна етничка група во Р. Бугарија.

Случајот се однесува на прашањето дали е потребно во едно демократско општество бугарските судови да одбијат да регистрираат здружение кое се залага за идејата дека постои угнетено македонско малцинство во Бугарија и се обидува да ги заштити правата на малцинството, со образложение дека здружението било насочено против единството на бугарската нација и дека нејзините цели биле политички и дека имаат цели повеќе на политичка партија отколку на редовно здружение.

Европскиот суд за човекови права во Стрзбург денес ја осуди Бугарија, носејќи пресуда со која утврди дека е повредено првото на здружување по член 11 од Европскат конвенција за човекови права на македонците во Бугарија .

Сега, Бугарија е здолжена согласно оваа пресуда да го регистрира „Македонски клуб за Етничка толеранција во Бугарија “ и да плати штета во износ од 7.500,00 евра во рок од 3 месеци .