Откриено каде Хитлер сокрил 28 тони злато од Црвената армија

Станува збор за 28 тони злато кои најверојатно се сокриени на територијата на замокот Хохберг во Вроцлав. Се вели дека таму би можело да бидат сокриени и вредните работи на богатите Полјаци кои морале да го предадат на хитлеровата единица СС во време на напредувањето на Црвената армија во 1945 година.

Експертите сметаат дека дошле до информација за тајно место со богатство проучувајќи дневник на офицер од озогласената СС дивизија. Дневникот го напишал Егон Оленхауер, кому Хитлер му наредил да го сокрие нацистичкото богатство.

Се смета дека офицерот на Третиот рајх сокрил 260 камиони со различни вредни работи. Во неговиот дневник се споменуваат 11 места на кои богатството би можело да е сокриено.

Ако претпоставките се вистините, во Полска би можело да бидат закопани предмети во вредност од 1,3 милијарди евра. Меѓутоа, научниците сѐ уште не добиле дозвола за ископување на теренот, што го отежнува планирањето, пишува „Дејли мејл“.

Дневникот на Оленхауер стана познат пред две години. Според тврдењата на истражувачите, кога Црвената армија ја почнала офанзивата Хитлер наводно наредил камионите да се сокријат во Шлеска.

Меѓу другото, стаува збор и за речиси 30 тони злато и уметнички дела од познати автори. Ракописот е чуван во една од германскиот религиозни организации, која се смета за масонска ложа.