Власта веројатно исплашена од голем пораз започна со многу валкани и незаконски дејствија дури и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР се доведува во прашање, вели во интервју за Акцнет.мк поранешниот член на ДИК, Проф.д-р Александар Даштевски.

Од една страна власта притиска за што поскоро да има избори, а од друга страна се зголемуваат бројот на заразни лица во последните денови. Дали според вас како поранешен член на Државната изборна комисија, во вакви услови можеме да имаме фер и демократски избори? 

Јасно е од секојдневните извештаи на Комисијата за заразни болести, дека пандемијата е во голем пораст последните две недели, особено откако се олабавија мерките на комисијата. Од друга страна ние не го спроведувавме правилито “тестирај, тестирај, тестирј”, па сега сме доведени во ситуација на зголемување на бројот на заболени и сме на прво место на Балканот по бројот на починати. Избори треба да има кога за тоа ќе има доволно услови да не се ризикуваат човечки животи.

Зошто на власта од една страна толку многу и се брза за избори во време кога имаме сеуште здравствена криза, а од друга страна опозицијата не сака веднаш избори. Дали станува збор за политички калкулации или во прв план се става доброто на државата и граѓаните?

Од тоа што го видовме до сега партијата на власта, веројатно исплашена од голем пораз почна со многу валкани и незаконски дејствија. Очекувам тоа да го прави и во понатамошниот тек на предизборниот париод, дотолку повеќе што мисијата на ОБСЕ/ОДИХР се доведува во прашање.

Дали е можно власта да оди на избори без опозицијата и кога би можеле да очекуваме да има избори?

-Доколку лидерската средба се одржи кон крајот на Мај, изборите би можеле да се одржат на крајот на јули или крајот на август, поради излезноста. Во тие рокови и Државната изборна комисија би ги завршила сите работи кои и се неопходни за успешно спроведување на изборите. Секоја друга постапка би била противуставна и противсаконита.

Дали може власта со уредба да го одреди датумот на избори и дали тоа ќе биде согласно законите и Уставот ?

-Изборите ги распишува Претседателот на Собранието според Уставот, но и според член 12 од Изборниот законик. Бидејќи немаме активно Собрание, политичките партии треба да постигнат консензус за датумот на оддржување на изборите. По нивнат средба Претседателот на Собрание треба да ги распише изборите на тој ден кој не смее да биде пократок од 60 дена од денот на распишувањето.