Премиерот, Зоран Заев, кој учествува на состанокот на НАТО во Лондон, му подари македонско вино на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Столтенберг е еден од нашите најголеми пријатели и поддржувачи. ‘You will join NATO’, рече во една прилика и покажа на дело дека Алијансата остварува, а со тоа и ние го остваруваме генерацискиот сон. На здравје Јенс, уживај во вкусот на ова одлично македонско вино“, напиша Заев на „Твитер“.