Македонец, Црногорец и Србин се осомничените кои се обиделе да го убијат наводниот лидер на кавачкиот криминален клан, Радоја Звицер, во Украина. Украинските органи ги уапсиле и ги идентификувале, а како што се наведува, еден од нив се наоѓа на меѓународна потерница поради убиство.
Како што синоќа објавија медиумите, две непонзати лица пукале во Звицер, а до нападот дошло во близина на елитен станбен комплекс во украинскиот главен град Киев.
https://www.facebook.com/KyivOperativ/videos/664641951051009/
„ Полицијата го следеше автомобилот со кој осомничените се движеа кон Одеса, за да ја напуштат земјата надвор од царинската контрола преку границата помеѓу Украина и Молдавија. Со оглед дека напаѓачите беа вооружени, во полициската акција беа вклучени и специјални сили. Утрово се приведени четири лица, кои претходно се обиделе да побегнат, а при апсењето пружале отпор“ рекол Клименко.
Моментално обвинетите се притворени според членот 208 од кривичниот закон на Украина, а истрагата е во тек. Претходно било утврдено дека осомничените во Украина дошле на почетокот на мај и дека долго време ја следеле жртвата. Звицер бил погоден пет пати и се здобил со повреди опасни по животот, синоќа бил опериран и се наоѓа во тешка состојба.
Радоје Звицер со години не живее во Црна Гора, а важи за прв човек на една од најсилните криминални групи во овој дел од Европа.