Денеска државата се задолжи со сума од близу 24 милиони евра на домашниот пазар а утре треба да врати стари долгови во износ од 9,2 милиони евра.

Од Министерството за финансии – прецизно не објаснуваат зошто задолжувањето е многу повеќе над износот за кој треба утре да се раздолжат, но посочуваат дека се води исправна политика – која води кон намалување на буџетскиот дефицит и стабилизирање на јавниот долг.

Јавниот долг во земјава изнесува 5,4 милијарди евра што е 47,7 отсто од БДП.