Од утре нема повеќе полициски час, кафаните отвараат во четврток

По завршување на седницата на која владата донесе низа одлуки за намалување на рестриктивните мерки, прес конференција одржа премиерот Оливер Спасовски.

Тој изјави дека владата донела одлука за целосно укинување на забраната за движење од утре.

Исто така изјави дека рестораните со тераси ќе започнат со работа од четврток.