Градоначалникот Петре Шилегов на својот Фејсбук профил утрово објави фотографии од булеварот АСНОМ во општина Аеродром кој од денеска ќе биде отворен за сообраќај.
„Добро утро Скопје. Ова е твојот нов булевар АСНОМ.
Скопје, една поинаква приказна …“, напиша Шилегов на Фејсбук.
Булеварот АСНОМ сега има по три коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило.