Најавената мерка за обнова на возниот парк во земјава, нема да се спроведе. Нема ниту пари во буџетот за наредната година предвидени за оваа намена, како што вчера објави Телма. Граѓаните кои планираа да си купат автомобил преку најавените субвенции од државата, нема да ја имаат таа можност.  

-Беше разговарано, и одлучено дека приоритет на Владата е средствата да бидат алоцирани онаму каде ќе дадат најдобри резултати. Таа мерка беше дебатирана, имаше работна група што беше формирана и средствата се алоцирани за да го дадат најдобриот ефект, изјави министерката Ангеловска.

Од друга страна министерот Бектеши сега ретерира- вели не ги излажал граѓаните.

-Што се однесува до тоа дека сме ги излажале граѓаните јас мислам дека е спротивното. Во главно сите мерки кои се спроведуваат се спроведуваат по моделот прв дојде прв услужен. Ние во тој момент ако предвидевме директни средства за субвенцио0нирање на оваа мерка тогаш ќе имавме лимитирачки фактор само за 500- 1.000 граѓани што ќе купат нови возила и ќе се откажат од старите. Што ќе наоправевме ако други граѓани 2.000- 5.000 граѓани ќе го направат истото, а ние не ќе имамем простор во буџетот да ги субвенционираме, вели Бектеши.

Тој тврди не се откажуваат од намерата за обнова на возниот парк, но детали најавува дека ќе соопштат до крајот на месецов. Инаку од над 460.000 регистрирани возила во земјава, речиси 270.000 се постари од 18 години.