Град Скопје во целост ги отфрла наводите на ДИЖС за ширење лажни информации и клевети и сакаме да нагласиме дека станува збор за професионално и навремено извршување на работните задачи на Инспекторат на Град Скопје со цел спречување на поголема еколошка хаварија што би можела да биде предизвикана во овој случај. Согласно со законските прописи, надлежноста за постапување кај овој тип производствени капацитети е под Министерството за животна средина и просторно планирање.

На 01.12.2019 година (недела) по пријава од  советник во општина Гази Баба за непријатен мирис со надразнувачко дејство во околината на фабрика МЗТ, дежурните екипи на Инспекторатот на Град Скопје веднаш реагираа и го пронајдоа сторителот. Се работи за правен субјект што работи со прекурсори, а на лице место е констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, проследено со непријатна миризба и пареа и веднаш се преземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување. При вонредниот инспекциски надзор од страна на овластениот инспектор за животна средина побарано е од правниот субјект да достави елаборат за заштита на животната средина, но беше констатирано дека правниот субјект не поседува елаборат за што е направен записник за понатамошно постапување