Откако денеска на судењето за случајот „Рекет“, Зоран Кичеец призна вина, одлучено е пресудата да биде објавена утре. По неговото признание доказите кои се однесуваа на него се издвојуваат од предметот и не се изведуваат пред судот.

Според Рускоска, со оглед дека обвинетиот ја призна вината се докажа дека го сторил делото, судот треба да му изрече казна ценејќи ги сите олеснителни и отежителни околности

Кичеец се гонеше за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ според член 359 став 7, а за што е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.