На денешната прес конференција на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев беше поставено новинарско прашање: како ќе одговори ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните барања и обвинувања од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги изнесе на прес конференцијата преку пратеничката Емилија Александрова?

Јанушев одговори дека не познава друга пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и дека ВМРО-ДПМНЕ има само една пратеничка група во Собранието на Република Македонија.

Тој истакна дека тие може да се именуваат како сакаат, но дека не станува збор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Да се каже дека Христијан Мицкоски или било кој од ВМРО-ДПМНЕ е одговорен и треба да превземе одговорност затоа што ја поддржува Република Македонија во евроатланските интеграции, во најмала рака е небулозно или можеби станува збор за несреќна изјава, а можеби и за нарачана изјава, истакна тој.

Нивната употребна вредност завршува на 12 април, кажа Јанушев.