Судијката која е надлежна за случајот рекет го праша обвинетиот дали се чувствува виновен за кривичните дела за кои се гони од Обвинителството во оваа постапка, Зоран Милевски Кичеец пред судот одговори „Да, чувствувам вина“.
По ова обвинетиот е прашан дали е свесен за последиците што ќе следуваат по ова признание на вина, како и дали некој му правел притисок.
Кичеец рече дека доброволно го дава признанието без никаква присила, и дека е свесен за казната која следува. По ова признание судот за него треба да ја издвои постапката.
Додека Катица Јанева и Бојан Јовановски изјавија дека не се чувствуваат виновни.
