Одложувањето на олимписките игри ќе чини 800 милиони долари

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) објави дека ќе претрпи штета до 800 милиони долари како резултат на одложувањето на Олимписките игри во Токио во 2020 година.

Олимписките игри во Токио во 2020 година се одложени за 2021 година поради глобалната пандемија на коронавирусот(КОВИД-19).

„Ние проценуваме дека ќе направиме трошоци до 800 милиони американски долари од своја страна и одговорност во организирањето на одложената Олимпијада во Токио 2020 година“, се вели во соопштението на МОК.

Исто така беше истакнато дека вистинското влијание на пандемијата врз активностите на МОК ќе биде уште појасно во наредниот период.

Олимписките игри во Токио 2020 година се одложени на 30 март за следната година и треба да се одржат од 23 јули до 8 август.