Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со фејсбук статус се огласи за молкот на власта за барањата од ВМРО-ДПМНЕ.
Од власта молк, а Зоран Заев сѐ уште без одговор за предлозите:
- Да не се занимаваат со политика лица кои биле амнестирани;
- Да нема амнестија за лица кои се занимавале со политика;
- Да се донесе закон за испитување на потекло на имот на политичари и носители на јавни функции;
- Да се воведе принцип на кандидат за мандатар на новата влада, и тој што ќе загуби на избори да си замине од политика;
Или пак можеби Заев е поборник на принципот за амнестија, не сака испитување на потекло на имот за политичарите, и сака покрај поразот од народот да си го задржи својот пратенички имунитет.
Се надевам дека таквата тишина од Владата не е резултат на хибриден напад, или можеби напад на паника поради тоа што одговорноста ќе дојде, но јавноста ја интересираат одговорите.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1397164487125673&id=829371753904952