Уставниот суд одлучи дека прогласувањето на вонредната состојба не е спорно

Уставниот суд на Република Македонија, на денешната XIII седница, известува дека одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката донесена од страна на претседателот на државава за утврдување на постоење на вонредна состојба  („Службен весник бр.104/2020).

Исто така Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба заведена под број 44-2447/1 од 23 март 2020 година.

На денешната седница Уставниот суд ги поништи:

– Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 97/2020); и Уредбата со законска сила за дoполнување на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 100/2020) (У.бр.44/2020 и У.бр.50/2020);

–  Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020); Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.97/2020); Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/2020) и Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр.108/2020) (У.бр.49/2020);