Со задоцнување од околу 45 минути почнува судскиот процес за случајот „Рекет“. Иако обвинетите Катица Јанева и Зоран Милески, беа на време во судницата, судењето не почна во определениот термин поради задоцнување на обвинетиот Боки 13.

Според обвинението, по притворањето на Јордан Камчев за случајот „Империја“ што го водеше СЈО, обвинетите Јовановски и Милески заради блискоста што ја имале со Катица Јанева од сопругата на Камчев зеле 500.000 евра за мерката притвор да му биде заменета со мерка куќен притвор.

Додека Камчев е на издржувањето на мерката куќен притвор, според обвинението, Јовановски и Милевски го посетуваат дома и му бараат8 милиони евра доколку СЈО со одлука на Врховниот остане овластен тужител во предметот против него.

Доколку Врховниот суд одлучеј дека СЈО нема надлежност на предметот тој да им даде 5 милиони евра за Катица Јанева да го направи заштитен сведок и да ја запре истражната постапка или да склучи со него спогодба за полесни кривични дела и да плати незначителен износ на штета.

На 20 февруари годинава, Камчев плаќа еден милион евра што можеше да се види од снимките кои излегоа во јавноста. Се на се’ околу 1,5 милиони евра завршиле кај Кичевски и Боки 13, а кај Катица Јанева околу 50.000 евра во кеш и 5 илјади евра во мебел. 

Се уште останува мистерија каде се парите.

Катица Јанева е обвинета за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, според член 353, за што и прети казна затвор од најмалку 3 години затвор.

Бојан Јовановски е обвинет за две дела и тоа за „Примање награда за противзаконско влијание“ и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“, за кои дела според Кривичниот законик е предвидена казна, од 1 до 10 години затвор.

Зоран Милевски е обвинет за „Примање награда за противзаконско влијание“.