Филмска измама: Поранешен играч на Шалке пронајден жив, откако 4 години се водеше за мртов

Јаник Камба е жив! Според германскиот „Билд“, поранешниот фудбалер на Шалке ја режирал својата смрт пред четири години заради осигурувањето!

Во 2016 година, скоро сите германски медиуми објавија дека Камба имал сообраќајна несреќа во родниот Конго и во тоа време е прогласен за мртов.

Од него се збогуваа сите од клубот за кој играше во сите селекции, вклучувајќи ги и младите, како и поранешниот голман на Шалке, сега Баерн, Мануел Ноер.

„Билд“ наведува дека Камба тогаш ги искористил своите врски во Конго за да ја измами осигурителната компанија и врз основа на тоа семејството добило парична сума од шест бројки.

Тој, наводно, сега живее во областа Рур под друго име и работи за енергетска компанија.

– Истрагата е во тек. Ја проверуваме измамата – изјави за „Билд“ обвинителот Анет Милик.