Големиот дефект на трафостаницата во Козле кој синоќа голем дел од центарот на Скопје го остави без струја, ја остави и Клиниката за гинекологија и акушерство без електрично напојување. Во вакви ситуации за многу краток период во овие здравствени институции се вклучува агрегат, но тоа не било случај синоќа на Клиниката за гинкологија и акушерство.
Во моментот се случувале и оперативни зафати, а за сето тоа време биле загрозени животите на бебињата во инкубатор и оние кои се на респиратор.