Според податоците од УХМР, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе има услови за локална појава на замрзнат дожд, а на планините врнежи од снег.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите во текот на денот и ноќта кон среда ќе преминуваат во снег и на повисоките места каде што ќе се формира снежна покривка.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер.