Бананите се на самиот врв на здрави намирници, обезбедуваат енергија, заситуваат, имаат висока содржина на калиум и магнезиум, добри се за срцето и мускулите и имаат високо ниво на витамин Б6, што е важно за нашиот нервен и имунолошки систем.
Но, кога станува збор за појадок, сите нутриционисти ќе ви кажат дека бананите се најлошата храна која може да ja изберете.
Се чини дека бананата е совршена опција за брза закуска наутро, но ако внимателно погледнете, ова овошје не е најдобриот избор затоа што има 25 проценти шеќер (фруктоза) и умерена киселост.
Фруктозата предизвикува брзо зголемување на нивото на инсулин во нашето тело, а по брзо зголемување, многу брзо следи и нагло паѓање, а резултат на оваа промена е желбата за храна, тешкотии во концентрацијата и замор. Високата содржина на шеќер се ферментира во телото, што го успорува варењето на храната и пробавата.
За да се избегне овој негативен ефект, нутриционистите советуваат да јадете банани во комбинација со добри масти, а најдобриот избор на добри масти се тие кои можат да се најдат во јогуртот, сирење, бадеми, путер од кокос, семе од чиа, цимет и куркума.
Само со додавање на мастите, телото може да ги подели хранливите материи на бананата, да се обезбеди нивото на инсулин да остане постојано ниско и да ја спречи желбата за храна како и заморот.