Шпанскиот фудбалски шампион Барселона, има намера да го смени името на својот стадион „Камп Ноу“ во името на спонзорот кој би ги платил парите за возврат, објавија од каталонскиот клуб.
Барселона тврди дека одлучила да собере пари потребни за „истражувачки проекти и борба против коронавирусот во светот“, но и за финансирање на нејзините други потреби, како што е реновирањето на стадионот.
“Нашата фондација ќе го стави името на стадионот на продажба. Во следните неколку недели ќе го започнеме процесот на барање спонзор, кој би бил заинтересиран да има право на името на стадионот”, се вели во соопштението.
Ова ќе биде првпат од основањето во 1899 година, на една компанија да и се даде право да го именува стадионот со своето име. Од Барселона, водечкиот тим на Шпанија, не објавија колку пари бараат.
Барселона беше првиот Клуб на Примера што ги намали платите за своите фудбалери, кошаркари и ракометари, како резултат на тековната економска криза предизвикана од коронавирусот.
Бидејќи вонредната состојба беше прогласена на 14 март, Барселона ги намали платите за 70 проценти до крајот на вонредната состојба. Играчите веќе пет недели вежбаат поединечно во своите домови, а клубот не прима приходи од билети, телевизиски права и сувенири.