Не може некој во еден момент да зборува за предавнички договор, потоа да кажува дека ќе го почитува или сега да бара да се повлече како што вели Самарас, затоа, господинот Мицотакис мора да заземе јасен став, вели поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас.

Ципрас рече дека станува збор за став на поранешен премиер и „човек кој и сега има многу големо влијание на пратеничката група на Нова демократија“ и коментираше дека Мицотакис мора да заземе став бидејќи е прашање кое не се однесува на внатрешно-партиските прашања, туку „за клучните теми што се однесуваат на кредибилитетот на земјата, во клучните национални прашања, мора да заземе јасна позиција“.

Поранешниот грчки премиер уште еднаш го повтори ставот дека Договорот од Преспа е еден од најголемите успеси на претходната влада и дека за СИРИЗА е патриотски договор што дава можност за стабилизација на регионот.