Богатството на најбогатиот човек на светот Џеф Безос за само еден ден се зголеми за 6,3 милијарди долари поради рекордното достигнување на цената на акциите на корпорацијата, објави на својата интернет-страница магазинот „Форбс“.
Како што се наведува, вчера на „Волстрит“ цената на акциите на најголемата светска онлајн-компанија порасна 5,3 проценти, 6-процентен раст еден ден претходно, на рекордни 2.238 долари. Во текот на денот цената била и повисока – 2.290 долари.
Така, богатсвтото на Безос, кој има удел од 11,2 проценти во корпорацијата, во еден ден се зголемило речиси 6,3 милијарди долари и сега изнесува 138 милијарди долари, проценува „Форбс“.