На денешната прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинароско прашање му одговори на Костадин Костадинов од СДСМ и неговите прозивки за тоа дали магистрирал во Италија и докторирал во Германија.
Мицкоски одговори: Што се однесува до моето образование ќе дадам една ретроспектива. Дипломирам на Машински факултет Скопје со просек 9,61, работам најпрво како хигиеничар во една приватна компанија, потоа монтажер на сплит системи, за да потоа станам инженер за термотехнички инсталации да добијам понуда да бидам и директор во таа компанија.
Но потоа на покана на една моја драга професорка која што сега е во пензија, се вработувам на Машинскиот факултет, при тајно гласање, прв случај во историјата Машинскиот факултет. Се вработувам на истиот како помлад асистент и напредувам.
Во мојот професионален ангажман на Машинскиот факултет имам студиски престој на Универзитетите во Италија, студиски престој на Универзитетите во Унгарија, во Словенија, докторски престој на неколку Универзитети во Сојузна Република Германија. Како и стипендист на италијанската влада и како стипендист на германската влада.
Никаде, буквално никаде во мојот разговор со господинот Борисов, јас не ја споменувам онаа извртена вистина што за жал СДСМ ја употребува во јавноста. Ова е основата за моето професионално работење на Машинскиот факултет. Позади мојата биографија стојат неколку трудови со фактор на влијание, меѓу кои е и трудот објавен оваа година во реномираниот часопис Тејлор и Фенсис од кој што учат студентите на реномираните Универзитети во Англија, можете да го проверите на интернет, истовремено тука се неколку трудов кои што објавено во часописи кои што се наоѓаат во библиотеките на Скопус, Ебско слободно проверете ги имате достапни јавни информации и на интернет и на истите часописи, и сите се објавен од страна на Христијан Мицкоски.