На социјалните мрежи се искажува незадоволството од преполните контејнери кои граѓаните ги дочека после полицискиот час викендов. Тие видно револтирани споделуваат фотографии со полни контејнери и пораки до градоначалникот Петре Шилегов.

Додека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ветува дека ваквите слики нема да се повторат за велигденските празници, нагласувајќи дека проценката на Комунална хигиена за овој викенд, „најверојатно била погрешна“, бидејќи нему никој не му рекол дека во полициски час граѓаните нема да фрлаат ѓубре, социјалните мрежи не престануваат да зборуваат за денешната тажна слика за главниот град.