Агенцијата за електронски комуникации денес на јавен состанок ги презентираше следните теми:

• презентиција на резултатите од последните мерења за перформансите и квалитетот на јавните мобилни комуникациски мрежи на национално ниво, и
• придонесот на новите технологии во вкупната вредност на нејонизирачко зрачење.

На состанокот се презентираа измерените нивоа на нејонизирачко зрачење на локации како што се градинките како и нивна споредба со претходно измерените нивоа пред да бидат воведени мобилните комуникациски услуги од четвртата генерација, со цел да се согледа ефектот на новите технологии.

Од АЕК истакнаа дека извршиле мерења во 149 градиники и дека во ниту една од нив не е забележано зголемено јонизирачко зрачење.

Во врска со очекуваното влијание врз здравјето на луѓето од нивото на нејонизирачко зрачење кои што се очекува по воведувањето на 5Г мобилните комуникациски услуги, од АЕК изјавија дека 5Г мрежата нема да има никакво негативно влијание врз здравјето на луѓето како и тоа дека според мерењата има тенденција на опаѓање на нејонизирачкото зрачење.

Исто така 5Г мрежата ќе биде и енергетски поефикасна, на тој начин што ќе заштеди енергија на батериите на телефоните, како и тоа дека ќе се намали оптеретувањето на базните станици, истакнаа од АЕК.

Сашо Димитриески, директор на АЕК