(ГАЛЕРИЈА) Папата го одржа традиционалниот обред за Велики Петок на празниот плоштад Св.Петар

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо, го водеше традиционалниот обред на Велики петок на празниот плоштад Свети Петар во Ватикан.

Традиционалната церемонија беше преместена од Колосеумот на плоштадот „Свети Петар“, заради пандемијата со „КОВИД-19“ во која починаа 18.849 луѓе во Италија, вклучувајќи и 570 смртни случаи во текот на изминатиот ден.

Официјалниот сајт на Ватикан “Vatican News“ објави дека црниот крст бил носен околу обелискот на Плоштадот се до вратата на базиликата, по патека обележана со факели.

Крстот го придружуваа петмина затвореници од северот на Падова, сериозно погодени од пандемијата и пет здравствени работници од Ватикан.

Папата Фрањо ги благослови сите верници во светот на крајот на церемонијата. Велики петок е христијанско сеќавање на Страста и распетието на Исус, претходи на најголемиот христијански празник, Католички Велигден.