Во петок ќе бидете отворена новогодишната веселба„Винтерленд“. Програмата вклучува музички точки и забавен дела за деца и возрасни и истата ќе се одржува секој ден до крајот на месецот. Како и минатата година и оваа во центарот на градот ќе бидат поставени куќарки во кои ќе се продаваат новогодишни украси, храна и пијалоци. Новогодишната населба ќе биде лоцирана во центарот на градот од Градскиот трговски центар води до Плоштадот. – изјави градоначалникот Петре Шилегов

Исто така најави дека изјави дека годинава ќе имаме поинаква елка, односно дигитална која ќе биде пуштена в петок кога ќе биде отворен и ‚Винтерленд‘. Истакна дека минатата година ‚Винтерленд‘ побуди голем интерес кај нашите сограѓани, и е убеден дека годинава ќе биде посебна на свој начин и ќе привлече уште повеќе посетители“, рече градоначалникот Шилегов.

Од синоќа улиците и булеварите низ градот се украсени со новогодишни светилки. Новогодишното украсување чини 270.000 евра, а „Винтерленд“ 97.000 евра.

На 31 декември за новогодишната прослава ќе пее Дино Мерлин.