Додека целиот свет се подготвуваше за пречек на новата година, никој не очекуваше дека 2020  ќе биде една од потешките години во историјата. Уште на самиот почеток на новата година, по десетици случаи на пневмонија кинеските научници спроведоа истражување со кое го идентификуваа новиот непознат вирус.  Додеката се истражуваше новиот вирус на 11 јануари почина и првиот пациент. Во тој момент не бевме свесни дека ќе се соочиме со најголемиот предизвик после втората светска војна и светот кој што го знаеме никогаш повеќе нема да биде ист.

За многу кратко време од само неколку месеци вирусот се прошири низ целиот свет и се заразија илјадници луѓе. Поради тоа државите мораа да превземат строги мерки и да го ограничат движењето на своите граѓани. Со ова практично застана целиот свет и животот на луѓето драстично се промени. Се промени начинот на комуникација, работа, едукација и се променија сите оние работи кои претставуваат наше секојдневие.

Можеби и сeуште не сме доволни свесни, но начинот на кој што ќе живееме и функционираме во оваа криза ќе има големо влијание на нашиот живот после неа. Луѓе градат навики кои ќе останат и после кризата. Потпирајќи се најмногу на технологијата можеме слободно да кажеме дека светот влегува во една нова пост-дигитална ера.

Работа од дома

Поради препораките и забраните за движење и собирање во групи во време на пандемија, многумина се принудени да работат од дома. Работењето од дома и пред кризата преставуваше тренд кој што беше во постојан раст. Се повеќе млади луѓе припадници на генерацијата Millennials и генерацијата Z сакаат да работат од дома и да имаат флексибилен распоред.

Бројот на работодавачи кои нудат работа од дома во последните 5 години е зголемен за 40%. Додека бројот на луѓе кои работат од дома од 2005 година до денес е зголемен за 140%. Во оваа криза дури 88% од компаниите во светот побарале од своите вработени, работни задачи да ги извршуваат од дома.

Од друга страна истражувањата покажуваа дека работењето од дома може да биде корисно и за компаниите и за вработените и тоа од повеќе аспекти. Се зголемува продуктивноста, се заштитува животната средина, драстично се намалуваат трошоците на компаниите и се намалува стресот кај вработените. После кризата се очекува да се зголеми процентот на компании кои ќе нудат работа од дома и на луѓе кои ќе бараат таква работа. Се очекува работењето од дома после оваа криза да стане уште поголем тренд.

Податоците покажуваат дека бројот на корисници на апликациите за работа, комуникација и едукација од дома, како Google Classroom, Microsoft Teams, VPN и другите е зголемен повеќекратно.

Трансфер на пари, електронско банкарство и електронско плаќање

Банките, финансиските институции, но и компаните веќе години наназад се обидуваат своите клиенти да ги пренасочат кон дигитални алатки за плаќање и трансфер на пари. Услуга која суште не се користи доволно (барем не во нашата држава), а која што штеди пари и време и за клиентите и за компаниите. Токму затоа во ова време на криза, многу банки, финансиски иституции и компании водат агресивни кампањи промовирајќи ги своите дигитални услуги.

Целта е комупјутерите и мобилните апликации да ги заменат шалтерите во банките и да се редуцираат гужвите. Оваа криза со сигурност кај голем дел од луѓето ќе изгради навика за онлајн плаќање на сметки, трансфер на пари и редовно користење на интернет банкарство.

Дигитална комуникација

Новата реалност во која живемее, ни наметна и нов вид на комуникација. Во време на  коронаворусот речиси целата наша комуникација со семејството, пријателите, колегите, вработените, потрошувачите и сите останати се дигитализираше. Единствен начин да останеме во контакт ни се дигиталните алатки кои ни стојат на располагање.

Во последните години се повеќе компании одржуваат состаноци, средби и онлајн конференции. На овој начин се избегнуваат непотребните трошoци за вадење на визи, за патни трошоци, за хотелско сместување и слично. Ваквиот начин на комуникација се покажа особено практичен и корисен во моменти кога движењето ни е ограничено. После завршување на кризата се очекува онлајн состаноците и конференциите да станат интегрален дел од работење и функционирање на многу компании во светот.

Интернет трговија

Интернет трговијата е во постојан раст, голем е процентот на луѓе кои купуваат производи преку интернет. Една од главните предности  на овој начин на купување е флексибилноста. Со брзото темпо на живот кое што го живемее ние сме во можност  да пазариме во било кое време, од било кое место во светот. Изминатата година повеќе од 1.79 милијарди луѓе пазареле преку интернет.

Оваа бројка се очекува годинава драстично да се зголеми, како резултат на ограниченото движење на луѓето. Според Quantum Metric за само неколку месеци интернет продажбата оваа година е зголемена за 52% во споредба со минатата година, а бројот на купувачи преку интернет е зголемен за 8,8% од појавата на вирусот.

Трговците очекуваат после кризата овој процент да се зголемува, а навиката за купување преку интернет да остане. Токму затоа компаните ќе бидат приморани да се насочат и да инвестираат во виртуелни продавници и интерент продожба.

Ова се само мал дел од работите кои ќе претставуваат наша нова реалности после кризата. Со сигурност ќе имаме промени во креирањето на политиките, водењето на бизнисите, начинот на едукација, начинот на транспорт и слично. Сите големи историски настани како втората светска војна, падот на Берлинскиот ѕид, финансиската криза од 2008 година носеле промени во нашите општества. Сите ние живееме и сме сведоци  на еден историски настан кој што дефинитивно ќе го промени светот.

Мерките кои се превземаат и начинот на кои што живееме во оваа криза, несомнено ќе го обликува животот кој што не чека после пандемијата. Можеби токму после овааа криза луѓето повеќе ќе внимаваат на хигиената, ќе ја ценат и уживаат природата, ќе поминуваат повеќе време со своите семејства и ќе го ценат животот. Останува да видиме.

Во меѓувреме сите ние треба да бидеме одговорни, да би почитуваме препораките на надлежните и да останеме со позитивни мисли.

Сашко Кметовиќ – дипломиран новинар и магистер по корпоративно право