МВР: Изминатото деноноќие 536 лица во изолација, 41 не го почитувале полицискиот час

Согласно статистиката на МВР во текот на изминатото деноноќие:

Вкупно 41 лице не ја почитувале забраната за ограничување на движењето, 7 лица се на возраст до 18 години и 2 лица на возраст над 67 години.

Приведени се 18 лица, а за останатите земени се податоци за понатамошно постапување.

На 186 лица се издадени решенија за изолација, а 350 лица потпишале изјава за самоизолација.

Во државен карантин се спроведени 4 лица.