Македонската берза го објави билтенот за март, годинава во кој меѓудругото може да се забележи драстично зголемување на прометот во однос на претходниот месец.
Имено, вкупниот промет на берзата во март изнесувал 2,7 милијарди денари, што е зголемување за 250 отсто во однос на февруари, кога прометот изнесувал 795 милиони денари.