Димитриеска Кочоска: За само два месеци од 2020 година Владата на СДСМ го зголемила дефицитот за 70 милиони евра

Дополнителната заменик министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во емисијата „Што не е јасно“ соопшти детали за состојбата во која се наоѓа државната каса во услови на светска пандемија.

Таа истакна дека во изборна година со единствена цел купување на глас повеќе, дефицитот во буџетот за првите два месеци пораснал за неверојатни 70 милиони евра.

Димитриеска Кочоска посочи дека не верува дека 700 милиони евра задолжување ќе бидат доволни за да се покрие буџетската дупка. Нејзините пресметки и пресметките на нејзинот кабинет укажуваат на тоа дека Македонија ќе треба најмалку да се задолжи дополнителни 1,2 милиони евра за да ја преброди кризата, задолжување кое може да достигне и до 1,7 милиони евра нето долг.

Димитриеска Кочоска истакна дека голема грешка ќе беше доколку се спроведеше планот на Зоран Заев за кратење на платите во јавната администрација.

Последно што треба да се случи е да се намали платата на администрацијата. Јас пак ќе кажам вие во буџетот кога ќе го погледнете има простор и има ставки за кратење .

Јас се сеќавам кога седнавме првиот пат да разговараме со министерката кога требаше да ги потпишам овие писма и зборувавме за кризата и велам, министерството за здравство треба да има се, да не му се ускрати се, додаде Димитриеска Кочоска.

Детално објаснување за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на парите на граѓаните кои одат во приватните пензиски фондови даде Димитриеска Кочоска во своето гостување во емисијата. Таа истакна дека со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на годината, парите на граѓаните наместо да одат во приватни пензиски фондови да одат во државниот фонд со оглед на фактот што ниту еден граѓанин до денес нема остварено право на пензија од некој од двата приватни пензиски фонда во Македонија.

Ние велиме парите кои што досега секој еден граѓанин ги уплаќал дел во државниот пензиски фонд, дел во приватните пензиски фондови, два ги имаме. Ние велиме оваа година до крајот на годината, тие пари наместо да одат во приватни пензиски фондови да одат во државниот. Значи повторно луѓето кога ќе остварат право на пензија ќе си добијат пензија, само парите наместо да одат во приватните фондови ќе одат во државниот пензиски фонд. Зошто е тоа така?

Парите во приватните фондови кои што сега се уплаќаат, вие знаете дека од таму се уште нема некој кој што остварил право на пензија бидејќи тие почнаа да функционираат пред 10-тина години. Се уште нема никој кој што остварил право на пензија, тие само билдаат актива економски кажано и парите ги оплодуваат во различни проекти, вложуваат во обврзници во земјата и странство, вели Димитриеска Кочоска.