Оваа година, новогодишната елка на плоштадот во Скопје ќе светне на 6 Декември. Исто така, ќе биде отворен и Винтерленд, односно новогодишна програма во период од 6 – 31 Декември. Новогодишни куќички ќе бидат поставени на локација помеѓу плоштадот Македонија и ГТЦ.
Програмата која ќе трае 25 дена ќе биде проследена со забава секој работен ден почнувајќи од 16 часот. Ќе започнува со детска програма, а потоа ќе следи програма за целата публика. За викендите, програмата ќе почнува напладне.