По повод вчерашното видео обраќње на премиерот Заев во кое повика да се прочисти судството од нечесните судии и обвинители, потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски се огласи на својот фејсбук профил.

Таа напиша дека во име на повикот од Заев ќе даде активен придонес со јавно објавување на сите поднесоци ставени во фиока потпишани со нејзино име и презиме и откриени злоупотреби (2013-2019).

И ќе барам одговорност независно кој ќе биде допрен со чистење на прашината (ако “чистењето” е искрен подвиг) и тоа во име на паролата дека, законот мора да важи за сите – парола во која се помалку веруваат и граѓаните и тие што “спроведуваат правда”.
Ќе се обидам да (по)верувам и јас кога штетите што ги трпев од пријавите што лежат по фиоки, нема да бидаат мотив плус за дупла штета во стилот “уби го гласникот”

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2766629250034978&id=100000637902363