Австралија го ограничи купувањето на алкохол поради коронавирусот

Австралија наметна ограничувања за купување алкохолни пијалоци, така што од вторник, може да се купат најмногу 12 шишиња вино и две пакувања со по 24 лименки пиво, бидејќи пандемијата со коронавирусот предизвикала страв од недостаток на алкохол.

Австралијците побрзаа во продавниците за алкохол за да ги снабдат своите залихи поради старвот од нивното затворање.

„Очигледно, неизвесноста во снабдувањето… принуди некои да купуваат поинаку“, велат од здружението на трговците со пијалаци.

Овие „ограничувања“ значат дека едно лице нема да може да купи повеќе од 12 шишиња вино и две пакувања од по 24 пива секое, односно нема да може да се купи повеќе од 10 литри вино или повеќе од два литри алкохолен пијалок.

Социјалните медиуми во Австралија се преплавени од видеа на граѓани со колички полни со алкохолни пијалоци, по што беше испратена порака дека нема да има проблем со снабдувањето со алкохол.

Според официјалните бројки, продажбата на алкохол се зголемила за 86 проценти. Сепак, Австралијците не се први во светот во потрошувачката на алкохол.

Според извештајот за 2018 година на Светската здравствена организација, просечен Австралиец на возраст над 15 години просечно троши 10,6 литри алкохол годишно наспроти 15,2 литри во Молдавија и 15 литри во Литванија.