Следниот понеделник ќе биде неработен ден за сите граѓани. Се празнува „Свети Климент Охридски“, кој се паѓа на 8 – ми Декември (недела), па поради тоа се префрла во понеделник, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Свети Климент Охридски ќе остане запаментен како првиот македонски архиепископ и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа. Тој е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог, кој со својата активност и со своето дело на повеќе полиња: црковно, просветно, книжевно, стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.