Јувентус би можел да ја продаде својата најголема sвезда Кристијано Роналдо поради финансиски загуби поврзани со пандемијата од коронавирус, објави „Ил Месаџеро“.
Една од причините е платата на португалецот кој заработува 31 милиони евра годишно. Токму затоа со продажба на 35-годишниот Роналдо во друг клуб, Јувентус ќе заштеди многу пари. Јувентус е подготвен да разгледа предлози во вредност од 70 милиони евра. Исто така е можно напаѓачот да го финализира својот тековен договор, кој е до 30 јуни 2022 година.