Драстично намалување на загадувањето во Њујорк

Квалитетот на воздухот се подобрува низ целиот свет во земјите што се наоѓаат во карантин заради коронавирусот. Бидејќи луѓето остануваат дома и сообраќајот е намален за над 35 проценти, Њујорк штотуку се приклучи на списокот на метрополи со драматичен пад на загадувањето на воздухот.

Истражувачите од универзитетот Колумбија откриле нагло намалување: „Нивото на јаглерод моноксид отиде до она што го сметам за чиста морска позадина, нешто како на западниот брег на Ирска“, изјави за АФП, Рисјан Коман, доцент на универзитетот Колумбија. Ова е изненадувачки за град со повеќе од 23 милиони жители кој беше рангиран за 10-ти најзагаден град во земјата од страна на Американското здружение за белодробни заболувања, во нивниот извештај „Состојба на воздухот“ за 2019 година. Според нивните резултати, 50% од Њујорчаните биле изложени на нездрав воздух.

Почнувајќи од 13 март, мониторот на Земјоделскиот институт во Колумбија покажа пад од 10 проценти на емисиите на јаглерод диоксид и метан и пад од 50% на јаглерод моноксид.

Најновите податоци од сателитот „Коперникус Сентинел-5П“ покажуваат значително намалување на концентрациите на азотниот диоксид во неколку поголеми градови низ Европа – вклучувајќи ги Париз, Мадрид и Рим.

https://twitter.com/ESA_EO/status/1243494446311911424?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.euronews.com%2Fliving%2F2020%2F03%2F29%2Fsharp-reduction-in-air-pollution-in-new-york-and-why-it-is-not-entirely-good-news

Сепак, експертите велат дека е премногу рано да се зборува за долгорочни промени.

Иако лошиот квалитет на воздухот директно убива околу 7 милиони луѓе секоја година, важно е да се забележат здравствените влијанија на оваа привремена промена. Истражувачот на универзитетот Стенфорд, Маршал Бурк проценува дека десетици илјади луѓе веќе имаат корист од подобар квалитет на воздухот во Кина.

Додека економското забавување или рецесија го отежнува напредувањето во очекување на инвестиции за чиста енергија, зголемувањето на здравствените и финансиските стравови може да го засенат проблемот со климатските промени.

„Ќе се вложат многу пари за повторно да заздрави економијата и ако повторно ја вратиме загадувачка индустрија, луѓето ќе продолжат да умираат“, рече Жаклин Клоп, ко-директор на Центарот.

Таа се залага за повеќе инвестиции во електрични возила и обновлива енергија. „Кога сме подготвени да се реконструираме, треба да се осигураме дека инвестираме во работи што можат да ни дадат подобра иднина“.