ММФ ќе мобилизира средства за кредити во висина од 1.000 милијарди долари

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека веќе е веројатно дека глобалното производство ќе се намали во 2020 година поради нагло забавување на економската активност.

Тие исто така велат дека се подготвени да ги мобилизираат своите кредитни средства од 1.000 милијарди американски долари за да им помогнат на земјите-членки во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Во изјавата се додава дека светот се соочува со невидена ситуација бидејќи пандемијата се претвора во економска и финансиска криза.

Забележано е дека веќе се преземени голем број на чекори од земјите членки на ММФ за да се спасат животите на граѓаните и економските активности.

„Но, останува многу да се направи. Приоритет треба да биде обезбедување финансиска поддршка за ранливите домаќинства и компании, со цел зајакнување на економското закрепнување во 2021 година“, велат од ММФ.

ММФ ја потенцира важноста на спроведување на „силни и координирани политики“ со цел ефикасно решавање на глобалната криза предизвикана од вирусот.