Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вчерашната средба со граѓани во Аеродром истакна дека сето она што ќе спречи амнестија на било кој којшто сторил криминал ВМРО-ДПМНЕ го поддржува.

Во однос на стручниот дел, добро да си ја разгледаат од СДСМ иницијативата затоа што има некои грешки таму, добро е да ја поправат ако не го направиле тоа намерно за да не се случи утре иницијативата да падне и да е уште една во овие низа на активности поврзани со практично отворањето на теми кои што изгледаат симпатично во јавност, а позади нив има апсолутен договор.

Никој не е наивен дека после 3 ипол години случајно на Уставниот суд му текнало од фиока да ја извади баш оваа иницијатива и да ја стави баш сега на дневен ред во исто време истиот подносител има уште три други иницијативи кои што ете Уставниот суд не решава да ги стави на дневен ред, истакна Николоски.

Понатака во овие сценарија кои што се создаваат кои што се од некои минати времиња да не употребам потешки зборови се обидува од една страна да се намири со оној со којшто се прават непринципиелни коалиции, а видовме дека во државава постои непринципиелна крими коалиција и од страна да се претстави дека тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ. Тоа нема да помине, тоа е обезличено и ВМРО-ДПМНЕ е против амнестија на било кој којшто сторил криминал и ќе ги поддржи сите форми тоа да не се случи, кажа тој.