Утрово во период од 7 до 9 часот се регистрирани пет нови потреси во Албанија.

Нешто пред осум часот регистран е земјотрес со јачина од 3,2 степена. Потрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер е регистриран во  8:26 часот со епицентар на 16 километри северозападно од Вора, односно 25 километри северозападно од Тирана. Останатите три се со послаба јачина.

Од утрото на 26 ноември,кога беше регистриран разорниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер, до денес наутро регистрани се 1.376 потреси.

Разорниот земјотрес однесе 51 жртва, над две илјади лица се повредени, од кои неколку се уште се во тешка здравствена состојба, а остави и огромни материјални штети.