Вишото јавно обвинителство не се согласува Бојан Јовановски, осомничен во случајот „Рекет“, да оди во домашен притвор, односно оттаму дале негативно мислење на неговото барање за укинување на притворот и замена за поблага мерка. Оваа информација за ја потврдија од Обвинителството, од каде што велат дека мислењето до судот било доставено во петокот – дознава Фокус.

Денеска Бојан Јовановски ќе биде пуштен од болница, при што ќе се одлучува за неговиот притвор, во Апелацискиот суд на расправа на седница затворена за јавноста бидејќи одбраната на Боки 13 го повлече предлогот за јавна седница.