Во месец декември на околу 185 илјади граѓани кои скенирале фискални сметки  ќе им бидат исплатени вкупно 3 милиони евра од проектот „Мој ДДВ“.

Околу 10.000 граѓани кои учествувале во повратот може да останат без паричните средства затоа што ја немаат или не ја навеле точната трансакциска сметка.

Ова беше објавено денеска на заедничката конференција на Министерството за финансии, УЈП и Фондот за иновации. До 28 ноември има 184.728 корисници на апликацијата „МојДДВ“, скенирани се 39.584.924 фискални сметки а остварен е промет од 19 милијарди 378 милиони денари. Вкупно остварена наплата на ДДВ од 5 и 18 проценти од овој промет изнесува 2 милијарди 98 милиони 709 илјади денари. Вкупно оствареното право на поврат за време на цело време на траење на мерката изнесува 5 милиони 119 илјади евра 

Од први јули, откако започна проектот на Министерството за финансии, скенирани се 39 милиони сметки, а анализите покажале дека порастот на скенирање најмногу е забележан во општините Аеродорм, Центар, Битола и Штип. Од Управата за јавни приходи немаат точна бројка колку граѓани го достигнале лимитот од 1800 денари за првото тромесечие.

„Имаме одлични резултати во делот на наплатата. Ако ги споредуваме податоците спредбено со други години имаме повеќе 10 насто зголемување на ДДВ во јули, август и септември. Би сакала да апелирам до сите физички лица кои ја користат апликацијата дека треба да си ги проверат своите трансакциски сметки ако има одредени измени да ги корегираат, ако не внеле трансакциска сметка да го направат што побрзо затоа што ќе ни олеснат на нас како УЈП да можеме да ги враќаме назад парите“-изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП.