Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски денеска е испуштен од Градската општа болница „8-ми Септември“ каде што беше хоспитализиран минатата недела поради контролни прегледи со упат издаден од доктор во ординацијата во КПВ Шуто Оризари.
Бојан Јовановски треба да биде вратен во КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор за „Рекет“. Денеска треба да се одлучи за неговиот притвор во Апелацискиот суд на расправа на седница затворена за јавноста бидејќи одбраната на Боки 13 го повлече предлогот за јавна седница. Неговиот адвокат Сашо Дуковски бара да биде пуштен од затвор заради неговата здравствена состојба.
Останатите двајца обвинети за „Рекет“, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец се во домашен притвор.

Судењето за „Рекет“ треба да почне утре во Кривичниот суд во Скопје.