Според резултатите од анкетата која ја спровел Economist/YouGov, 53% од Републиканците сметаат дека Трамп е подобар претседател од Линколн.

За 47 проценти од Републиканците, политичарот кој победил во Граѓанската војна и го укинал ропството, подобро ја вршел својата работа во Белата куќа.

Сепак, помеѓу сите американци, 75 проценти од испитаниците мислат дека Линколн е подобар од Трамп, но треба да се нагласи дека помеѓу нив 94 проценти се демократи.

Истата анкета покажува дека 90 проценти од Републикацните сметаат дека Трамп добро си ја врши својата функција како претседател на државите.